Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

пред 8 месеци

На денешен ден, 2 мај 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот натпревар досега.

Тој егзибициски меч се играше на Мајорка, а во историјата на тенисот е познат како „Battle of Surfaces“.

Имено, теренот на кој играа беше поделен на две подлоги. Од едната страна имаше земја, а од другата трева. Тоа беше затоа што Шпанецот доминираше на земјена подлога, а Швајцарецот на трева и идејата беше овој меч да даде одговор кој е вистинскиот крал на тенисот.

Седум илјади гледачи го следеа натпреварот во живо, а повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот го следеа натпреварот на ТВ екраните. На крајот победи Надал со 7:5, 4:6, 7:6 (12:10).

Share
Scroll to Top