Претседател на клуб суспендиран од фудбалот на 15 години поради местење натпревари

Претседател на клуб суспендиран од фудбалот на 15 години поради местење натпревари

пред 1 ден

Молдавскиот фудбалер Петру Ојог (34) до минатата година ја вршеше функцијата претседател на сега веќе згаснатиот локален клуб ФК Сфинтул Георге.

Неговата кариера во фудбалот во целост заврши деновиве. Молдавската фудбалска федерација (ФНФ), преку својата Етичка комисија, одлучи да го суспендира Ојога од фудбалот на дури 15 години.

Причината е местење натпревари. Заедно со него беше казнет и фудбалерот Игор Бондаренко, но за значително пократок период од една година.

Во соопштението на ФНФ се наведува дека пресудата е донесена „поради вмешаност во манипулации и активности на резултатите на одредени натпревари во фудбалскиот шампионат на Република Молдавија“.

Оваа одлука на Етичката комисија ја потврди и Апелациската комисија на ФНФ, па и официјално стапија на сила мерките против двајцата спортисти. Дисциплинскиот кодекс на ФИФА бара санкциите за Ојог и Бондаренко да се прошират на глобално ниво.

Дополнително, Ојог ќе треба да плати казна од 15 илјади евра, а Бондаренко осум илјади. ФНФ ја претстави одлуката како „силна посветеност на федерацијата во борбата против местењето натпревари и заштитата на интегритетот на спортските натпревари“.

Share
Scroll to Top