Проблем за Ханси Флик, се повреди Кристенсен

Проблем за Ханси Флик, се повреди Кристенсен

пред 6 часа

Стоперот на Барселона, Андреас Кристенсен, сериозно се повредил. Прогнозите се дека ќе паузира два месеци.

Кристенсен пд почетокот на сезоната има максимална доверба од Ханси Флик откако беше повреден во поголемиот дел од минатата сезона, ги помина подготовките, беше во одлична физичка форма, но доживеа повреда на бутниот мускул.

Се повреди во моментот кога првенствата паузираат поради репрезентативните акции, но проблем е што по паузата ќе пропушти најмалку осум натпревари, вклучувајќи го гостувањето кај Пари Сен Жермен, „Ел Класико“ на Камп Ноу, како и гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Се очекува Ханси Флик да ротира во овој напорен период, ќе има можност да го стори тоа против Алавес и Астон Вила на почетокот на ноември, но во октомври распоредот ќе биде пеколен.

Веднаш по паузата следува Хетафе на „Камп Ноу“, гостувањата кај Галатасарај, Бетис и Пари Сен Жермен, сите три по ред, а потоа на крајот на октомври, на 25-ти, во Барселона доаѓа Реал Мадрид.

Во овие натпревари се очекува тандемот на стопери да го сочинуваат Пау Кубарси и Жерар Мартин, иако не е невозможно Жил Кунде да добие минутажа, бидејќи Ханси Флик сега го гледа Ерик Гарсија како десен бек.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top