Наполи и ПСЖ не можат да се договорат околу трансферот на Виктор Осимен. Како што стојат работите „светците“ ќе се повлечат од преговорите.
Наполи и ПСЖ не можат да ја договорат сума. Наполи инсистира ПСЖ да ја плати откупната клаузула, која изнесува помеѓу 120 и 130 милиони евра, додека „светците“ не биле подготвени да понудат повеќе од 100 милиони за Нигериецот.
Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи не се согласува и со идеата за Осимен да доби пари и еден или двајца млади играчи од погонот на ПСЖ.