Вечерва ќе заврши фазата по групи во Лигата на шампионите. Во Топ 16 фазата иам уште две слободни места. Три тима конкурираат за место во осминафиналето од Ф групата, а два тима се во игра од Х групата.
Група Е
Атлетико Мадрид мора да освои барем бод против Лацио во последното коло од групата Е за да го освои првото место. На Лацио, пак, му требаат три бода за да ја преземе лидерската позиција. Феенорд ќе остане трет, а Селтик четврти без разлика на резултатот од нивната средба.
6. коло, среда, 21 часот:
Атлетико Мадрид – Лацио
Селтик – Феенорд
Табела: Атлетико 11, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 1
Група Ф
Ситуацијата во групата Ф е комплицирана. Борусија Дортмунд обезбеди место во нокаут фазата, со тоа што мора да избегне пораз од ПСЖ за да остане на првото место.
На „светците“ им е потребна победа за да ја преземат првата позиција. На ПСЖ би му бил доволен бод за второто место доколку Њукасл не го победи Милан, а и со пораз може да оди понатаму доколку Њукасл и Милан одиграат нерешено. Во спротивно, на шампионот на Франција му се заканува рано испаѓање од Лигата на шампионите.
Њукасл за да оди во осминафиналето мора да го победи Милан, а ПСЖ да не слави во Дортмунд. Од друга страна, на Милан му требаат три бода против Њукасл и победа на Борусија против ПСЖ за второто место.
6. коло, среда, 21 часот:
Борусија Дортмунд – ПСЖ
Њукасл – Милан
Табела: Дортмунд 10, ПСЖ 7, Њукасл 5, Милан 5
Група Г
Во групата Г се е јасно. Бранителот на титулата, Манчестер сити ќе остане прв, Лајпциг втор, Јанг Бојс од третата позиција оди во Лигата на Европа, додека Црвена звезда е елиминирана од европските натпреварувања.
6. коло, среда, 18:45 часот:
Црвена звезда – Манчестер Сити
РБ Лајпциг – Јанг Бојс
Табела: Манчестер сити 15, Лајпциг 9, Јанг Бојс 4, Црвена звезда 1
Група Х
Барселона сигурно ќе оди понатаму во Лигата на шампионите. Во последниот меч не смее да загуби од Ројал Антверпен за да заврши на првото место, а тоа ќе им го донесе и Шахтјор доколку не го победи Порто. Доколку Барса загуби и Шахтјор победи, првото место ќе се решава според вкупната гол-разлика, потоа вкупниот број на голови и евентуално вкупниот број постигнати голови на гостински терен.
Порто не смее да загуби од Шахтјор и тоа ќе биде доволно за да го заземе второто место. Украинците мора да го победат Порто, а можат да завршат и први ако имаат исти бодови како Барселона. Антверпен во секој случај останува последен.
6. коло, среда, 21 часот:
Порто – Шахтјор
Кралскиот Антверпен – Барселона
Табела: Барселона 12, Порто 9, Шахтјор 9, Антверпен 0.