ПСЖ му плаќа на Нејмар за да ги поздравува навивачите, да биде културен и да не доцни на тренинзите

ПСЖ му плаќа на Нејмар за да ги поздравува навивачите, да биде културен и да не доцни на тренинзите

пред 3 години

Нејмар е еден од најплатените фудбалери на денешницата. „Мундо Депротиво“, открива некои интересни клаузули во неговиот договор. Нејмар во 2017 година стана најскапото засилување во историјата, ПСЖ за неговиот трансфер издвои 222 милиони евра.

„Мундо Депротиво“, тврди, дека до 2025 година, кога ќе му заврши договорот, Нејмар ќе заработи од ПСЃ неверојатни 489.228.117 евра.

Бразилецот во 2017 година потпиша договор кој му гарантира плата од 43,3 милиони евра. Неодамна тој го продолжи договорот со крајот на сезоната 2024/2025. Според новиот договор, почнувајќи од оваа сезоната, Нејмар има бруто плата од 50,5 милиони евра.

Најмногу внимание во новиот договор привлекува клаузулата, која на Нејмар му обезбедува шест милиони евра годишно. За да ги добие овие пари, тој мора по секој натпревар да ги позадрави навивачите.

Некој би рекол дека тоа е негова обврска, нели фудбалот се игра за навивачите?

Нејмар добива пари и за да пристоен и културен, да не доцни на тренинзите и прес конференциите, а има забрана негативно во јавноста да зборва за клубот и да ја коментира тактиката на тренерот.

Share
Scroll to Top