Пари Сен-Жермен го осигура третото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампионите, откако на гости со 44:29 го декласираше норвешкиот Елверум во првиот меч по продолжувањето на соработката со тренерот Раул Гонзалез.
По фантастичната игра во одбраната, Париз поведе уште на стартот, откако Дилан Нахи постигна 6 гола од 6 обиди и на полувреме веќе имаа +7 предност. Во второто полувреме, тие уште повеќе го зголемија водството, и сите играчи кои беа на теренот, освен Виран Морос и Микел Хансен постигнаа барем по еден гол. Со третото место во групата, Пари Сен-Жермен ќе игра со четвртиот во групата Б, Мотор Запорожје.
Таму, пак, Кил со 33:29 (19:15) го совлада Целје за да се израмни со Алборг и Мотор на 14 поени, но сепак, да остане на петтото место, со што најверојатно му следува дуел со Пик Сегед во осминафиналето.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Елверум – Пари Сен-Жермен 29:44 (12:19)
Табела: 1.Кјелце 19, 2.Флензбург 19, 3.ПСЖ 17, 4.Пик Сегед 12, 5.Мешков Брест 11, 6.Порто 10, 7.Вардар 9, 8.Елверум 5.
ГРУПА Б
Кил – Целје 33:29 (19:15)
Табела: 1.Барселона 26, 2.Веспрем 19, 3.Алборг 14, 4.Мотор З. 14, 5.Кил 14, 6.Нант 11, 7.Целје 6, 8.Загреб 0.