ПСЖ ја одби понудата од Ливерпул за Баркола

ПСЖ ја одби понудата од Ливерпул за Баркола

пред 4 часа

Ливерпул испрати понуда тешка повеќе од 100 милиони евра за крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен и француската репрезентација Бредли Баркола. Англискиот клуб така започна обид да го доведе еден од клучните играчи на европскиот шампион, но ПСЖ ја отфрли првичната понуда. Францускиот шампион не се откажува од својата проценка и бара дури 170 милиони евра за играчот.

Преговорите меѓу клубовите, и покрај големата разлика во цената, започнаа, што отвора можност за еден од најголемите трансфери ова лето. Според информациите од францускиот „Фут Меркат“, Баркола е приоритет на Ливерпул за засилување на напаѓачката линија.

Клубот од „Енфилд“ бара нови решенија откако не им успеа обидот да го птопишат Јан Диоманде. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека официјалните разговори меѓу двата клуба започнале во понеделникот.

Ливерпул се надева дека првичната понуда, иако одбиена, ќе послужи како основа за понатамошни преговори. ПСЖ има силна преговарачка позиција бидејќи договорот на Баркола е важечки до летото 2028 година.

„Фут Меркато“ наведува дека Баркола има голема желба да се пресели во Ливерпул. Неговите претставници веќе водеа разговори со претставници на англискиот клуб. Иако ПСЖ првично ја отфрли можноста за продажба, се чини дека клубот е подготвен да преговара откако играчот изрази желба за нов предизвик.

Во изминатите две сезони, Баркола често влегуваше од клупата во клучните натпревари и сега бара клуб каде што би имал статус на стандарден играч од првиот тим.

Share
Scroll to Top