Пудзјановски го „здроби“ Милановиќ, откако Усман доби напад на слепо црево!

Пудзјановски го „здроби“ Милановиќ, откако Усман доби напад на слепо црево!

пред 4 години

Најавуваната атракција и борба на двајца „џинови“ во кафезот на полската КСВ промотивна куќа не се случи, откако противникот на поранешниот „најсилен човек на светот“, Мариуш Пудзјановски, Сенегалецот Серињ Усман доби напад на слепо црево и заврши во болница пред саботниот меѓ во Лоѓ.

Наместо тоа, Пудзјановски влезе во борба со српскиот ММА дебитант (на 41 година), Никола Милановиќ во меч во супер-тешка категорија, и беше очигледно дека противникот е пристигнат експресно во рингот.

Иако се обиде да нападне бргу, Пудзјановски прво се одбрани од едно туркање, праќајќи го противникот на подот и потоа приморувајќи предавање по низата удари. Секако, разочарувачки, по големите најави на КСВ.

Share
Scroll to Top