Првата победа во Премиер лигата на Брентфорд во петокот, кога со 2:0 ги совладаа Арсенал, ќе остане вечно во сеќавањата на клубот од предградието на Лондон, а сигурно ќе биде незаборавно за младиот навивач кој славеше со менаџерот Томас Френк.
„Пчелите“ се првпат во првата англиска лига од 1947 година, така што атмосферата на „Брентфорд комјунити“ стадионот беше прекрасна. Моментот кој стана хит на Интернет покажува што значи да се има страст кон фудбалот.
Подоцна, Френк прати порака до малиот Вуди О’Рурк, кој е постојан гледач на Брентфорд. Малиот навивач страда од Дауновиот синдром.
„Поздрав Вуди, благодарам многу за твојата поддршка. Тоа ни значи многу на сите нас, што доаѓаш и што навиваш за Брентфорд“, вели Френк во пораката.
Our superstar became a global star on Friday night … this is Woody's story#BrentfordFC pic.twitter.com/KCajR51MCa
— Brentford FC (@BrentfordFC) August 16, 2021