Разочарување кај македонските одбојкари по поразот од Данска

Разочарување кај македонските одбојкари по поразот од Данска

пред 3 години

Македонската одбојкарска репрезентација синоќа загуби од Данска со 0:3 во 3. коло од А-групата на Европската сребрена лига.

Најефикасни во нашиот состав беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени, Александар Љафтов и Ристо Николов запишаа по 8 поени.

Кај Данците најдобар беше Јенсен со 20 поени.

Капитенот Ѓорѓиев рече дека е разочаран по поразот и најави добра анализа пред вториот турнир кој од петок до недела ќе биде во Шлагелсе – Данска.

„Тажен сум поради поразот, мора да изанализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018. кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да го сториме тоа, ние мора да ја играме основната игра. Признавам дека тие беа одлични, но и ние им помогнавме“ – изјави Ѓорѓиев.

Со победата, Данска направи голем исчекор кон пласман на завршниот „фајнал фор“ турнир, на кој домаќин ќе биде Струмица.

Share
Scroll to Top