Ракометарите ќе одиграат два натпревари со Грција

Ракометарите ќе одиграат два натпревари со Грција

пред 9 месеци

Foto/ facebook.com/rfmofficial

Ракометната репрезентација на Македонија, пред заминувањето за Германија ќе одигра контролни натпревари со селекцијата на Грција.

Македонските ракометари ги започнаа подготвките за Европското првенство во Германија. Првата фаза од подготвките се одвива во Стара Пазова, Србија и ќе трае до 30 декември.

Втората фаза ќе започне во Скопје на 2 јануари.

Македонија против Герција ќе одигра натпревари на 4. и јануари. Првиот натпревар ќе се одигра арената „Борис Трајковски“ со почетокот во 17 часот. Влезот за овој натпревар ќе биде слободен.

Ден подоцна, вториот натпревар ќе биде одиград зад затворени врати.

На 8 јануари ракометарите ќе отпатуваат во Германија. На ЕУРО 2024 Македонија во групата за противници ги има Германија, Франција и Швајцарија.

Share
Scroll to Top