Еден од највпечатливите ракометари на годинешниот ракометен Мундијал во Египет – пивотот на Конго, Готие Мвумби Тиери (27) кој е тежок 137 килограми веднаш по СП доби неколку понуди за продолжување на кариерата. Тој првенството го заврши со 20 гола.
Според пишувањето на шпанските медиуми, Мвумби имал неколку конкретни понуди од шпански прволигаши, но на крајот се одлучил за ракометна егзотика – тимот на Детроит во САД.
Неговиот нов клуб веќе објави на Инстаграм промотивно видео со новиот пивот: