Рафиња одбил 100.000.000 евра да ја напушти Барселона

Рафиња одбил 100.000.000 евра да ја напушти Барселона

пред 1 недела

Рафиња и во овој преоден рок одби да ја напушти Барселона. Шпанските медиуми откриваат дека клубот добил понуда од 100.000.000 евра за Бразилецот. Со оглед на тешката финансиска ситуација, Џоан Лапорта позитивно одговорил но Рафиња одбил без размислување.

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Рафиња четиригодишен договор вреден 25.000.000 евра по сезона.

Остана необјавено кој клуб ја доставил понудата, но се шпекулираше дека сите четири големи саудиски клубови Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли се подготвени да ја платат таа сума.

Рафиња во својата кариера настапуваше за Виторија Гимараеш, Спортинг, Рен и Лидс. Барселона го купи во летото 2022 година за 58 милиони евра од Лидс. „Трансфермаркт“неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.

Share
Scroll to Top