Рафиња се повреди во пријателскиот натпревар против Австралија

Рафиња се повреди во пријателскиот натпревар против Австралија

пред 3 часа

Бразил ја победи Австралија, во вториот пријателски натпревар одигран меѓу двете селекции, во изминатите четири дена со 4:2. Информациите од натпреварот во Бризбејн, внимателно се следат и во Барселона, бидејќи по првото полувреме, Рафиња поради повреда остана во соблекувалната.

Рафиња беше заменет на полувремето поради болка во мускулот на десната нога, што предизвика загриженост во Барселона. Веста ја потврди и Бразилската фудбалска федерација (CBF).

Напаѓачот на Барселона го одигра целото прво полувреме, во кое тренерот Анчелоти го смести во позицијата лажна деветка. Тој постигна и гол од пенал, во финишот на полувремето кога го изедначи резултатот на 2:2, но остана во соблекувалната за време на паузата.

Според информациите од бразилскиот табор, играчот почувствувал болка во ногата и одлучил да не продолжи да игра за да избегне ризик од сериозна повреда.

Рафиња ќе биде подложен на темелни прегледи на стадионот Санкорп во следните неколку часа. Од резултатите зависи дали ќе остане со репрезентацијата, која има натпревар во Индија во сабота, или ќе се врати порано во Барселона.

Клубот се надева дека повредата не е сериозна, со оглед на тоа што Рафиња е нивниот клучен играч со 14 постигнати голови оваа сезона. Пред неколку дена, Барселона остана без Ерик Гарсија, кој мораше да се врати од собирот на шпанската репрезентација поради проблем со коленото. За Рафиња, ова не е прв пат да се врати од репрезентативните обврски со повреда.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top