Рашфорд и Јунајтед се изнапромашуваа, Вилјареал ќе чека шанса во продолженија (или на пенали)

Рашфорд и Јунајтед се изнапромашуваа, Вилјареал ќе чека шанса во продолженија (или на пенали)

пред 4 години

По 90 минути игра во Гдањск, нема победник и освојувач на трофејот од Лига Европа, откако по примениот гол во првото полувреме, Манчестер јунајтед се „разбудија“ во второто, но успеаја само да израмнат на 1:1 против цврстиот тим на Вилјареал. Маркус Рашфорд имаше шанса да стане херој на мечот во 70. минута, но пропушти огромна шанса.

Вилјареал први дојдоа во водство во 29. минута од мечот, кога по еден слободен удар на Дани Парехо, фантастичниот Жерард Морено се најде на вистинското место за да го совлада Давид де Хеа, откако одбраната на „ѓаволите“ му го дозволи тоа. Премиерлигашот влезе поостро на стартот на второто полувреме, играјќи повеќе на половината на шпанскиот клуб, и тоа резултираше со малку среќа во 55. минута, Единсон Кавани да израмни на 1:1.

Притисокот на „ѓаволите“ продолжи, и најдобра шанса во 70. минута имаше Маркус Рашфорд, но се посрамоти кога излезе сам пред голот на Вилјареал, кои својот прв удар на голот во второто полувреме го имаа во последните 15 минути.

Ако двата тима продолжат со иста игра, не очекува долга полска ноќ…

Share
Scroll to Top