Рашфорд, Санчо и Сака добиле над 12.500 расистички навреди – почнаа апсења

Рашфорд, Санчо и Сака добиле над 12.500 расистички навреди – почнаа апсења

пред 3 години

Англиските фудбалски репрезентативци – Букајо Сака, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд на Твитер и Инстаграм добиле повеќе од 12.500 расистички навреди по промашените пенали во финалето на ЕУРО2020 против Италија.

Тројцата црномурести фудбалери веднаш по натпреварот беа мета на расисти од целиот свет, а англиската полиција почнала со апсења за оние за кои на Островот се сомнева дека биле дел од навредувачите.

Трговецот со недвижнини Ендрју Боне по апсењето бил суспендиран од работното место, а пред него бил уапсен фудбалскиот тренер Ник Скот кој работи со деца. Тој расистички го навредувал Рашфорд, а на испрашувањето се правдал дека компјутерот му бил хакиран.

Полицијата дошла и до 49-годишен Англичанец од кент кој на друштвените мрежи објавил видео на кое обоен со англиските бои ги навредува сите играчи поради што подоцна добил голем број негативни коментари.

„Дејли мејл“ објави дека раководството на Премиерлигата составено од претседателот и претставници на сите 20 клубови усвоило предлог на оние кои расистички ги навредувале фудбалерите да им биде забранет влез на сите англиски стадиони.

Иницијативата ја поддржал и британскиот премиер Борис Џонсон кој со министрите се договориле расистите најстрого да бидат казнети.

Share
Scroll to Top