Реал, во средата, ја победи Аталанта во Бергамо (1:0), во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Во Италија сметаат дека Аталанта е ограбена, поради црвениот картон што го доби Ремо Фројлер во 18.минута, но сериозни замерки на судењето имале и во Реал.
Реваншот помеѓу овое два тима ќе се одигра на 20.март, а Реал за тој дуел ќе биде без Бразилецот Касемиро. Во Бергамо, Касемиро доби жолт картон, кој му донесе автоматска суспензија.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал имале намера да се жалат на оваа одлука и ќе барале УЕФА да му го поништат жолтиот картон на Касемиро.
Ваквата одлука на Реал, во Италија ја нарекоа „безобразна“, потсетувајќи дека судијата Тобијас Штилер во 83.минута, при резултат 0:0, токму на Касемиро му присти и не му го покажа вториот жолт картон, кога тој се обиде да изнуди пенал.