Реал се плашат дека ќе го добијат Бејл назад!

Реал се плашат дека ќе го добијат Бејл назад!

пред 4 месеци

Реал Мадрид се плашат дека променливата форма на Герет Бејл во Тотенхем ќе значи дека лондонскиот клуб ќе го врати Велшанецот кај нив во текот на летото, така уништувајќи им ги плановите за голем трансфер на Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд во текот на летото, тврди шпанскиот  „АС“.

Откако, зачудувачки, не потпишаа со ниту едно засилување во текот на летото, се верува дека „кралевите“ ќе трошат по крајот на сезоната 2020/21, но платата од над 700.000 евра неделно која ја добива Бејл може да претставува голем проблем, бидејќи тој има договор со Реал до летото 2020.

Реал се надеваа дека 31-годишниот Велшанец ќе остане во Тотенхем, или на уште една година позајмица или како директен трансфер, но Бејл не успеа да се наметне во тимот на Жозе Мурињо, а во моментов има и повреда на бутниот мускул добиена при победата над Стоук во Карабао купот во средата.

Бејл дебитираше за Тотенхем во октомври кога влезе во игра против Вест хем по 72 минути, и оттогаш има само три настапи во Премиер лигата, со еден старт – 1:0 победата над ВБА во ноември.

Share

ANIMEFLIX animeflix banana fish: Watch Attack on Titan (Dub) Episode 6

KissAnime kissanime discord: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 13 (https://kissanimeonline.com/m/4zLV/ep-13)

Scroll to Top