Рикардо: Ќе победев и да не се случеше инцидентот помеѓу Макс и Луис

Рикардо: Ќе победев и да не се случеше инцидентот помеѓу Макс и Луис

пред 3 години

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо, по победата на трката за Големата награда на Италија, во Монца, рекол дека ќе победел во трката и да не се случел инцидентот помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

„Водев пред Ферстапен и пред заминувањето во пит-стоп. Правеше притисок во некои кругови, но ниту во еден момент не дојдов во ситуација да се бранам од него. Беш блиску, но немаше да ме престигне, тоа можеше да го стори само доколку направев некаква грешка. Кога излегов од боксот бев убеден дека ќе победам, доколку не ми се случи нешто непланирано. Бев полн со самодоверба, знаев дека никој не може да ми ја одземе победата. Ќе победев и да не се судреа Ферстапен и Хамилтон“, рекол Австралиецот.

Победата на Рикардо во Монца, беше прва за него по 2018 година, кога во болидот на Ред Бул победи во Монако. Исто така ова е прва победа за Мекларен по пауза од девет години и прв триумф на овој тим во Монца по 2007 година кога славеше Фернандо Алонсо.

Share
Scroll to Top