Роберто Морено е новиот тренер на Гранада

Роберто Морено е новиот тренер на Гранада

пред 3 години

Диего Мартинез Пењас ја заврши својата мисија во фудбалскиот клуб Гранада. Отстапи од функцијата како најуспешен тренер во клупската историја, лани играше полу-финале во Купот на Шпанија и избори пласман во Лига Европа. Оваа сезона, во Лига Европа Гранада испадна во четврт-финалето од Манчестер јунајтед.

Гранада, во петокот, објави дека нов тренер е Роберто Морено. Младиот тренер на јавноста и е познат од периодот кога беше селектор на Шпанија, а потоа и со препукувањата со Луис Енрике, кога Фудбалскиот сојуз на Шпанија го врати Енрике на селекторската позиција.

По таа епизода со Шпанија, Морено шест месеци го предводеше Монако. Доби отказ бидејќи на 13 натпревари забележа само пет победи.

Морено е еден од ретките тренери кој во кариерата никогаш не играл сениорски фудбал. На 16-годишна возраст започнал да работи како помошник во локалниот клуб Ла Флорида. Потоа работел како скаут за Барселона, каде се запознал со Луис Енрике.

Потоа му бил помошник на Енрике најпрвин во Рома, а потоа во Барселона и шпанскиот национален тим.

Морено и Гранада потпишаа две годишен договор.

Share
Scroll to Top