Роденденската „клетва“ на сестрата на Нејмар

Роденденската „клетва“ на сестрата на Нејмар

пред 4 години

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар има необична „навика“ да биде повреден за време на роденденот на неговата сестра, Рафаела Сантос, откако од сезоната 2014/15, бразилскиот фудбалски ас или е суспендиран или е повреден околу 11 март.

Рафаела Сантос е помладата сестра на Нејмар (родена во 1996 година) и покрај славниот брат, стана вистинска сензација во Бразил како манекенка со над 5.5 милиони следбеници на Инстаграм. Двајцата се екстремно блиски, а Нејмар дури има тетоважа од нејзиниот лик на својата рака.

Рафаела работи во добротворната организација „Институто Нејмар“, која фудбалерот ја основаше во 2014 година и помага на деата во Праја Гранде во близината на Сао Пауло, каде што двајцата израснаа.

„Клетвата“ на Рафаела започна во 2015, кога како фудбалер на Барселона, тој доби петти жолт картон во сезоната против Гранада на 28 февруари, по што беше суспендиран за дуелот со Рајо Валјекано на 8 март. Барса му дозволи да се врати во Бразил. Следната сезона, тој повторно доби жолт картон, овојпат против Рајо на 3 март, и го пропушти мечот против Еибар, а се врати во Бразил откако доби дозвола од тогашниот тренер Луис Енрике и од капитенот Андрес Иниеста.

Во поблиско време – во 2019 година тој беше повреден во поголемиот втор дел од сезоната, вклучувајќи го цел март. Во 2020, доби повреда на реброто, но тогаш остана со тимот на ПСЖ. Сега, во 2021 година, тој повторно се повреди, со време на опоравување од околу четири недели, така што повторно ќе има време да помине со својата сакана сестра.

Многумина се шегуваат дека тој намерно ги пропушта натпреварите, а додека беше фудбалер на Барса тоа го забележа и ривалот од Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Сакам да играм против најдобрите, а Нејмар е еден од нив. Сега, само да се договориме околу роденденот на неговата сестра“, изјави на шега Рамос.

Share
Scroll to Top