Роднина: Хабиб не заслужува да биде прогласен за Херој на Русија

Роднина: Хабиб не заслужува да биде прогласен за Херој на Русија

пред 12 месеци

Откако еден од пратениците во руската Дума, Гадзимурад Омаров откри дека со писмо побарал од претседателот Владимир Путин да го прогласи УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов за Херој на Русија, доделувајќи му го највисокото цивилно достигнување во земјата, поранешната олимписка шампионка во уметничко лизгање, Ирина Роднина се спротистави велејќи дека тој не е вреден за овој орден.

Роднина, која во кариерата освои три олимпсики злата, 10 светски титули и 11 европски титули, вели дека Хабиб само си ја завршувал својата работа и покрај огромната популарност на Дагестанецот.

„Не знам, бидејќи имаме многу шампиони, но малку Херои на Русија. Мислам дека тоа не е награда за спортистите, туку за некои кои ќе направат нешто посебно. Тој е професионален спортист кој си ја завршил својата работа, како сите други. Ако решат така добро, но не гледам ништо херојско во неговите успеси“, вели Роднина.

Последен спортист кој го добил овој орден беше Лариса Лазутина, која ја доби наградата од Борис Елцин во 1998 година. Оваа награда ја добиле и скијачката Љубов Егорова и борачот Александер Карелин.

Share

WCOStream: Tsubasa RESERVoir CHRoNiCLE anime episode 26 online free at https://wcostream.cc wcostream close enough

Animepahe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Anime Twist - Watch anime online, English anime onlineAnime Twist - HD anime for free | TwistMoe

AnimeFreak: Ai Tenchi Muyou! anime episode 60 online free at https://animefreak.ws animefreak chatango

Liveinternet: https://www.liveinternet.ru/users/animefreakws/post485111770/

Sketchfab: https://sketchfab.com/animefreakws

Scroll to Top