Официјално најдобриот играч во светот минатата година, Родри, во деновите по добивањето на Златната топка, во неколку интервјуа зборуваше на многу теми, а во едно однив и за интересот од други големи клубови.
Шпанскиот играч за врска оваа на самиот почеток, поради тешка повреда ја заврши сезоната. Тоа е голем удар за тимот на Пеп Гвардиола, а тоа го покажуваат последните резултати, четири последователни порази.
Нема сомнеж дека враќањето на Родри ќе му помогне на Сити следната сезона, но прашање е во која насока ќе се движи неговата кариера. Не е тајна дека Сити подготвуле нов договор за него.
Реал Мадрид секогаш е заинтересиран за најдобрите играчи во светот, значи и за Родри, особено откако кариерата ја заврши Тони Крос.
„Кога Реал Мадрид ве повикува, најдобриот клуб во светот и најуспешен… Тоа те прави горд и секогаш мораш да слушнеш што има да каже. Јасно е, секогаш треба да се внимава“, изјави Родри.
Да потсетиме, Родри во Манчестер сити дојде во 2019 година од Мадрид, но од Атлетико за 70 милиони евра. Прашање е дали во шпанската престолнина ќе се врати како активен фудбалер.