Откако Баерн Минхен ги отфрлија шпекулациите дека се заинтересирани да го донесат Кристијано Роналдо како замена за Роберт Левандовски, од Италија стигнуваат вести дека Рома прават „сè што е возможно“ да го донесат Португалецот назад во Серија А по шпекулациите дека е незадоволен од трансфер-активностите на Манчестер јунајтед.
Поранешниот дефанзивец на Рома, Фабио Петруци инсистира дека има точни информации од неговиот стар клуб, кој се обидува да склучи договор со Португалецот да се приклучи на тимот каде што неговиот сонародник Тијаго Пинто е одговорен за трансфери, а Жозе Мурињо му е стар познаник. Останува да се види дали Роналдо би се вратил во Италија по периодот кој го помина во Јувентус, посебно бидејќи ниту Рома не игра во Лигата на шампиони.
?️ #Petruzzi a #Retesport??
“So per certo da una persona molto accreditata che lavora nel mondo del calcio che la #Roma sta provando in tutti i modi a prendere #CristianoRonaldo, ci sarebbero dei dettagli da limare, soprattutto sui diritti d’immagine. CR7 lascerà lo United” pic.twitter.com/GwgIMQIXCD
— Retesport 104.2fm (@ReteSport) June 24, 2022