Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација, би можел да собори уште еден рекорд на пријателскиот натпревар против Хрватска во сабота.
Доколку излезе на теренот, тоа ќе биде негов 1226 официјален натпревар во кариерата. Никој во историјата нема одиграно толку натпревари. Тој моментално го дели рекордот со бразилскиот голман Рожерио Сени, кој ја заврши кариерата во 2015 година.
Роналдо веќе го држи рекордот по бројот на натпревари за националниот тим. Тој одигра 206 натпревари за Португалија и е единствениот играч во историјата со повеќе од 200 натпревари за националниот тим.
На Европското првенство во Германија, Португалецот ќе стане првиот играч во историјата кој играл на шест континентални првенства.