Рони О’Саливен во необична караница со Марк Ален сред поен!

Рони О’Саливен во необична караница со Марк Ален сред поен!

пред 4 години

Рони О’Саливен е обвинет за „насилничко“ однесување по невообичаениот конфликт со Марк Ален во четврт-финалето на Шампион на шампионите турнирот во Милтој Кејнс.

44-годишниот актуелен светски шампион престана сред својот поен во деветтиот фрејм за да го обвини играчот од Северна Ирска дека му „влегува во видното поле“ во обид да го деконцентрира, и Ален го демантираше ова.

Судијата Марсел Екхард се обиде да ја смири ситуацијата велејќи им дека нема причина за расправија.

„Нема причини за расправија, момци оставете го тоа. Дали може само да играме снукер. Марк знам дека не направи ништо. Рони ќе играме ли? Марк ќе биде внимателен“, изјави судијата.

По ова, О’Саливен ја загуби концентрацијата и го загуби фрејмот и мечот со 6:3.

„Не знам што зборуваше. Нема да му дозволам да зборува глупости. Беше малку смешно, тој замина и ја искористив ситуацијата. Тоа беше најлошото што можеше да го направи, само ме натера да го победам. Понекогаш треба да се постави на своето место“, изјави Ален.

О’Саливен остана на своето.

„Не беше ништо, понекогаш некој постојано ти влегува во видното поле и се движи. Можеби видов премногу,  но изгледаше на аматерско однесување за деконцентрација. Морав да го кажам тоа, немаше да го оставам така. Но, тој ја заслужи победата“, изјави „Ракетата“.

Share
Scroll to Top