Руки-дресот на Вилт Чембрлен се продаде за 1.79 милиони долари

Руки-дресот на Вилт Чембрлен се продаде за 1.79 милиони долари

пред 1 година

Домашниот дрес на Филаделфија вориорс на легендарниот Вилт Чембрлен во саботата беше продаден за рекордни 1.792 милиони долари. потврдија „СЦП аукции“.

Чембрлен, кој сезоната 1958/59 ја помина како кошаркар на Харлем глобтротерс а 50.000 долари (со инфлација тоа се денешни над 500.000 долари), дебитираше во НБА во 1959/60 со Филаделфија, и го сруши рекордот по број на поени со 2.707, освојувајќи ја наградата за дебитант на сезоната.

Дресот според аукциската куќа, Чембрлен го подарил на свој близок пријател, кој потоа станал колекционер на скапа спортска опрема.

Share
Scroll to Top