Русите најдоа начин да го покажат знамето на Олимпијадата и покрај суспензијата

Русите најдоа начин да го покажат знамето на Олимпијадата и покрај суспензијата

пред 4 години

Рускиот олимписки комитет ја откри униформата на своите спортисти со која ќе настапат на Олимписките игри во Токио ова лето, на кое го има дизајнот на руското знаме и покрај суспензијата која ја додели Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) пред три месеци ги потврди казните за Русија поради манипулацијата на податоците од анти-допинг лабораторијата во Москва, со која до декември 2022 година им е забрането да го користат руското знаме и химна на сите меѓународни натпреварувања. Ова значи дека руските спортисти во Токио, но и во Пекинг следната година на Зимската Олимпијада ќе настапуваат под името ROC (Руски олимписки комитет) наместо Русија.

Сепак, униформите на олимпискиот тим, изработени од „Заспорт“, официјалниот партнер на олимпискиот комитет претстави дресови и униформи во боите на знамето. ИОЦ потврди дека униформите ги исполнуваат условите.

„Дизајните на РОЦ за Токио 2020 се според поставените рамки на ИОЦ. Затоа се одобрени“, објавија од ИОЦ.

Share
Scroll to Top