Женската репрезентација на Русија во гимнастика го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио. Русинките победија пред САД и Велика Британија.
Русија во состав: Ахимова, Листунова, Мелиникова и Уразова освои 169.528 поени. Американките, без најдобрата гимнастичарка во историјата, Симон Бајлс, стигнаа само до сребрениот медал со 166.096 поени.
Бајлс се повреди на загревањето, а се повлече по првата ротација.
Зад Британските завршија Италијанките, Јапонките, Французинките, Кинеските и Белгијките.