Саинц доаѓа на местото на Перез во Ред Бул

Саинц доаѓа на местото на Перез во Ред Бул

пред 9 месеци

Одлуката на Луис Хамилтон да вози за Ферари од 2025 година ќе предизвика многу промени во тимовите за следната сезона.

Во Ред Бул, актуелниот вицешампион, Серхио Перез има договор до крајот на актуелната сезона. Се шпекулира дека нема да добие понуда за продолжување на соработката, туку дека Ред Бул на неговото место ќе го донесе Карлос Саинц, кој со доаѓањето на Хамилтон го губи местото во Ферари.

Во целата приказна е вклучен и Хелмут Марко, консултант во Ред Бул, кој не ја отфрли оваа можност, но ниту ја потврди.

„Саинц веројатно сака да донесе одлука пред тоа да го направиме ние“, изјави Марко.

Не е исклучена можноста Мексиканецот и понатаму да остане клупски колега на трикратниот светски шампион Макс Верстапен.

„Ако вози како на последните неколку трки минатата година, реално е да остане. Се зависи од него“, изјави Марко.

Новата сезона во Формула 1 започнува во сабота со Големата награда на Бахреин.

Share
Scroll to Top