Салах му викал на Клоп: Ќе добијам црвен картон

Салах му викал на Клоп: Ќе добијам црвен картон

пред 8 месеци

Вест Хем и Ливерпул во Лондон минатата сабота одиграа 2:2 во 35. коло од Премиер лигата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, направи тројна замена две минути откако неговиот тим го прими вториот гол. Меѓу другите, во тој момент во игра влезе и најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.

Репрезентативецот на Египет пред да стапне на теренот влезе во жестока расправија со Клоп, тој момент го уловија камерите.

Англиските медиуми се занимаваа со ситуацијата неколку дена по натпреварот, анагжираа професионален читач од усни.

Тој откри дека Клоп го прекорувал Салах затоа што бил премногу бавен за да се подготви за натпреварот, по што почнала расправијата.

„Не можам да сторам ништо околу тоа“, рекол Салах, а одговорот на Клоп не е забележан на камерите. Меѓутоа рекол нешто што го вознемирило Салах, толку многу, што почна да вика дека ќе добие црвен картон кога ќе влезе:

„Ќе, ќе добијам црвен картон. По седум години, по седум години играње, по седум години играње“, викал египетскиот напаѓач.

Потоа ситуацијата ја смири соиграчот Дарвин Нуњез.

По натпреварот, Салах прошета низ микс зоната, но одби да одговара на новинарски прашања.

Само кратко им дофрли на насобраните новнари: „Ако зборувам денеска, ќе има оган“.

Share
Scroll to Top