Салихамиџиќ им се закани на Дортмунд: Можеме да се погрижиме никогаш повеќе да не ја освоите Бундес лигата

Салихамиџиќ им се закани на Дортмунд: Можеме да се погрижиме никогаш повеќе да не ја освоите Бундес лигата

пред 3 години

Спортските директори на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ и Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, водат војна преку медиумите.

Повод за препукувањата е Марко Ројс. Капитенот на Дортмунд, го напушти кампот на репрезентацијата пред мечот со Исланд, а три дена потоа играше са клубот.

„Изненадувачки е да ја напуштиш репрезентацијата и три дена подоцна да играш за својот клуб“, рекол Салихамиџиќ. Цорк почувствувал дека треба да му одговори на колегата од Минхен.

„Салихамиџиќ треба да молчи и да си гледа нивните проблеми. Што мисли кој е тој?“, рекол Цорк.

Спортскиот директор на Баерн, погоден од оваа изјава, жестоко возвратил.

„Јас сум спортски директор на најголемиот клуб во Германија, јас носам одлуки за што ќе зборувам. Цорк треба да молчи, во спротивно ќе му го ослабнеме тимот, ќе се погрижиме никогаш повеќе да не ја освојат Бундес лигата“.

Салихамиџиќ, само ја потврди политиката на Баерн која трае со години. Баварците редовни ги купуваат најдобрите ирачи на конкурентите. Во минатото од Дортмунд ги донесоа Левандовски, Хумелс и Геце.

Во летниот преоден рок нивна жртва беше Лајпциг. На Лајпциг најпрвин му го зедоа тренерот Јулијан Нагелсман, а потоа капитенот Марсел Забицер и Дајот Упамекано.

Share
Scroll to Top