Сандерленд доби нов газда – 22-годишниот милијардер Луис-Дрејфус

Сандерленд доби нов газда – 22-годишниот милијардер Луис-Дрејфус

пред 4 месеци

Поранешниот англиски премиерлигаш Сандерленд го потврди договорот со кој 22-годишниот Кирил Луис-Дрејфус ќе ја преземе контролата на клубот од страна на досегашниот сопственик Стјуарт Доналд.

Луис-Дрејфус, син на поранешниот газда на Олимпик Марсеј, Роберт Луис-Дрејфус, ќе стане претседател на клубот од третата англиска лига (Лига 1) на почетокот на следната година, по одобрувањето од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ). Со оваа зделка се креваат надежите на клубот со армија навивачи, кој успеа да падне во третата лига откако пред десетина години беше стандарден во Премиер лигата.

Кирил Луис-Дрејфус е син на Роберт и Маргарита Луис-Дрејфус и е роден во 1997 година. Роберт и Маргарита се сретнаа на лет од Цирих до Лондон во 1988 година, додека Маргарита работеше како продавач на компјутерска опрема. Семејството Луис-Дрејфус ја основаше својата глобална компанија уште во 1851 година и е една од најмоќните во Европа. Роберт Дрејфус заработи богатство со „спасување“ на големи компании, како „Адидас“, каде што беше директор, и рекламната групација „Сачи & Сачи“.

Share
Scroll to Top