Сао Пауло го отпушти Дани Алвеш, му должи над 1.5 милиони евра

Сао Пауло го отпушти Дани Алвеш, му должи над 1.5 милиони евра

пред 3 години

Бразилскиот клуб Сао Пауло потврди дека го отпуштиле Дани Алвеш, откако ветеранот одбил да игра за клубот поради несогласувања околу неговата плата.

Алвеш се врати во својата татковина во 2019 по деценија и пол во Европа, каде што оствари еден куп трофеи во најголемите европски клубови, но камбекот во Сао Пауло беше одбележан со караници, несогласувања и бунтови.

Фудбалскиот директор на Сао Пауло, Карлос Белмонте откри дека Алвеш одбил да се врати на тренинзи по настапите за бразилската репрезентација.

„Неговите претставници кажаа дека тој нема да се врати во Сао Пауло додека нема ‘поместување’ на финансискиот долг кој Сао Пауло го има кон фудбалерот. Ние го признаваме долгот и минатата недела дадовме понуда да се реши, но таа не беше прифатена. Продолжуваме со разговорите, меѓутоа на тренерот Ернан Креспо му порачавме дека Дани Алвеш веќе нема да достапен. Никој не е поголем од Сао Пауло ФЦ“, вели Белмонте.

Менаџерскиот тим на 38-годишниот ветеран тврди дека клубот му должи 10 милиони бразилски реали (над 1.5 милиони евра).

Share
Scroll to Top