Сасуоло го отпушти тренерот Диониси

Сасуоло го отпушти тренерот Диониси

пред 6 месеци

Италијанскиот фудбалски клуб Сасуоло го отпушти тренерот Алесио Диониси.

Во преостанатиот дел од сезоната тимот од клупата ќе го води тренерот на младинската екипа Емилијано Бигику.

Сасуоло забележа само една победа во последните 13 натпревари и беше поразен од Емполи (2:3) во Серија А во саботата.

Сасуоло е на 17. место во Серија А со 20 бодови, колку што имаат Верона и Каљари, кои ги заземаат 18. и 19. место.

Share
Scroll to Top