Свилар: За мене, отсекогаш постоела само Рома

Свилар: За мене, отсекогаш постоела само Рома

пред 5 часа

Миле Свилар стави крај на шпекулациите што го поврзуваа со Јувентус во претходните денови и јасно изјави дека својата иднина ја гледа исклучиво во Рома.

По продолжувањето на договорот со римскиот клуб, Свилар истакна дека не обрнал внимание на гласините за можен трансфер во редовите на големиот ривал.

„Не знам, тоа не е прашање што ме засега. За мене, отсекогаш постоела само Рома, тоа веќе треба да биде јасно по продолжувањето на договорот. Јас сум фокусиран исклучиво на давање максимум за овој дрес, овој клуб и овие навивачи. Моето срце е тука“, изјави Свилар за „Кориере дело Спорт“.

Најдобриот голман, во последните две сезони во Серија А, се осврна и на местото на Рома во Лигата на шампионите, кое беше освоено по одличната завршница минатата сезона.

„Направивме голем пресврт за да се квалификуваме и тоа беше прекрасно. Сега треба да уживаме, но и да ја играме Лигата на шампионите најдобро што можеме“, рече тој.

Минатата сезона, Свилар беше еден од најзаслужните за враќањето на Рома во Лигата на шампионите, а со одличните игри се етаблираше меѓу најдобрите голмани во Серија А, поради што привлече интерес од бројни европски гиганти.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top