Севилја со 10 играчи водеше со 2:0, Селта се врати со два гола по 90-тата минута!

Севилја со 10 играчи водеше со 2:0, Селта се врати со два гола по 90-тата минута!

пред 2 години

Севилја беше на чекор до голема 2:0 победа над Селта Виго, иако по само 19 минути игра останаа со играч помалку, за на крајот да „колабираат“ во финишот на мечот и да примат два гола за 2:2 реми.

Папе Гуеје доби два жолти картони за да ги остави домаќините на цедило, но во финишот на првото полувреме, во 43. минута, Јусеф Ел Несири донесе водство за Севилја. Кога Маркос Акуња во 81. минута зголеми на 2:0, победата беше „сигурна“. Меѓутоа, Мигуел Родригез прво намали на 2:1 во 90. минута, за во 94. минута, Гонсало Пасиенса да израмни на 2:2.

Со поенот, Селта е на деветтото место на табелата со 36 поени, додека Севилја се 13. со 32 поени.

Share
Scroll to Top