Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен ќе игра за Галатасарај како позајмен до крајот на сезоната, потврди турскиот клуб.
Галатасарај ќе му исплати на Осимен плата од шест милиони евра.
Осимен (25) оваа сезона не одигра ниту еден натпревар за Наполи, додека минатата сезона забележа 32 настапи за италијанскиот клуб и постигна 17 голови.
Претходната сезона тој стана шампион во Серија А со Наполи, како најдобар стрелец во лигата, со 26 гола во 32 натпревари.
Тој беше извонреден со репрезентацијата на Нигерија, за која одигра 35 натпревари и постигна 21 гол, освојувајќи го сребрениот медал на минатогодишниот Африкански куп на нации.