Седуммината недопирливи во Интер и проектот „Втора ѕвезда“

Седуммината недопирливи во Интер и проектот „Втора ѕвезда“

пред 4 години

Антонио Конте сака во наредните сезони со Интер да доминира во Серија А. Интер, сезонава, по пауза од 11 години, ја освои 19 титула во клупската историја. Планот на контроверзниот тренер е наредната сезона да го одбрани трофејот со што Интер би можеле да сошијат уште една ѕвездичка на своите дресови.

„Конте сака да владее во Италија, не сака на нова титула повторно да чека цела деценија. Веќе го започна проектот „Втора ѕвезда“, која ќе ја добие доколку Интер ја одбрани титулата. За клубот тоа би била 20 титула, со што ќе добие право над грбот да додаде уште една ѕвезда“, пишува „Газета дело Спорт“ и дополнува.

„За да го оствари овој проект само седум играчи се недопирливи: Бастони, Де Фрај, Шкринијар, Хакими, Барела, Брозовиќ, Лукаку и Лаутаро“.

Ова значи дека сите останати, доколку за нив клубот добие добри понуди можат да го напуштат клубот.

Share
Scroll to Top