Семејството Жанг може да ја загуби контролата над Интер?

Семејството Жанг може да ја загуби контролата над Интер?

пред 3 години

Жанг Џиндонг најверојатно ќе го загуби сопствеништвото на италијанскиот шампион Интер, откако од Кина доаѓаат вести дека Алибаба групацијата и провинциската влада во Џијангсу се пред преземање на компанијата Сунинг.

Сунинг имаат финансиски проблеми за време на пандемијата на КОВИД-19, а на ова се надоврза и одлуката на кинеските власти полека да се повлечат и да се регулираат инвестициите во фудбалот. Според „Блумберг“, Сунинг оваа недела ќе биде преземен од Алибаба и локалната власт, што може да има влијание и на сопствеништвото на Интер, бидејќи семејството Жанг ќе ја загуби контролата на матичната компанија.

Во исто време Сунинг има огромен кредит од американската компанија „Оуктри“ од околу 200 милиони евра за да се покријат трошоците на клубот, со обврска доколку не го вратат долгот, американската компанија да стане газда на клубот.

Интер, конечно, го освои скудетото минатата сезона, прекинувајќи ја доминацијата на Јувентус, но веднаш потоа го загубија тренерот Антонио Конте, кој не се согласуваше со мерките за штедење во клубот.

Share
Scroll to Top