Семејството на Роналдо веќе пристигна во Манчестер

Семејството на Роналдо веќе пристигна во Манчестер

пред 3 години

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез и нивните четири деца веќе пристигнаа во Манчестер во очекување на пристигнувањето на суперѕвездата во градот каде што го направи своето име.

Бидејќи се заедно од 2016 година, Манчестер ќе биде ново искуство за Георгина, која преку Инстаграм објави колаж фотографии од патувањето со приватниот авион, а подоцна исто така покажа еден од подароците кои ги доби – познатото англиско чоколадо „Кедбјури“ со порака „Добредојдовте во Манчестер јунајтед“.

Роналдо требаше да остане со португалската репрезентација до следната недела, но бидејќи доби втор жолт картон, нема да игра на мечот со Азербејџан, така што се очекува и тој наскоро да се им се придружи во новиот дом.

Share
Scroll to Top