Словенечката тенисерка Тамара Зиданшек се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос со победата над Паула Бадоса од Шпанија. По два ипол часа борба Словенката славеше со 2-1, по сетови 7:5, 4:6 и 8:6.
Нејзината противничката во борбата за финале ќе е поуспешната од денешниот дуел меѓу Анастасија Павличенкова од Русија и Елена Рибакина од Казахстан.
Зиданшек, која е 85-та светска тенисерка во моментов слабо го почна дуелот против подобро рангираната противничка, но успеа по негативата од 3-0 да направи пресврт со кој го освои првиот сет.
Во вториот сет имаше дури 5 брејкови, Бадоса имаше еден повеќе, па резултатот по сетови беше израмнет 1-1.
Во третиот решавачки сет иако Бадоса прва освои поен на сервис на ривалката, Словенката во четвртиот гем го возврати ударот, па се до 6-6 имаше израмнета борба.
Тогаш следуваа два освоени гема за Зиданшек за остварување на најголемиот успех во кариерата. Таа досега никогаш не го поминала второто коло на еден грен слем турнир.