Сергеј сака да ја напушти Саудиска Арабија

Сергеј сака да ја напушти Саудиска Арабија

пред 3 месеци

Неколку европски медиуми, во вторникот објавија дека српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е меѓу ѕвездите кои би сакале да се вратат во Европа. Пред шест месеци, Србинот од Лацио се пресели во Саудиска Арабија.

Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал пристигна од Лацио за 40 милиони евра. Според медиумите, тој има годишна плата од 20 милиони евра. Со Ал Хилал потпиша три годишен договор.

Досега одигра 22 натпревари, постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Медиумите тврдат дека тој сака да се врати во Лацио.

Саудиска Арабија засега ја напушти Џордан Хендерсон кој се пресели во Ајакс, додека иднината на Карим Бензема е неизвесна. Наводно и тој по секоја цена сака да се врати во Европа.

Share
Scroll to Top