Се ожени Кристијано Роналдо

Се ожени Кристијано Роналдо

пред 3 часа

Еден од најдобрите фудбалери на 21 век, Кристијано Роналдо, се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез.

Двојката ја круниса својата 10-годишна врска со брак. Свадбената церемонија се одржа во Каскаис во близина на Лисабон. А голгетерот на Ал Насра објави слика на својот Инстаграм, на која се гледаат две раце со венчални прстени.

За само половина час, сликата доби дури три милиони лајкови. Двојката се запознала пред 10 години во продавницата на Гучи во Мадрид. Во тоа време Роналдо играше за Реал Мадрид.

Двојката има две деца, а долгогодишниот репрезентативец на Португалија има уште три.

Share
Scroll to Top