Ерлинг Халанд се повреди на натпреварот меѓу Норвешка и Португалија во Лигата на нации и го загрижи Манчестер Сити пред големото дерби против Ливерпул. Норвешкиот напаѓач побара замена и го напушти теренот во 67-та минута, додека резултатот беше 1:1.
Халанд го напушти теренот сам и засега ништо не укажува на сериозна повреда, но „АС“, пишува дека покажал знаци на физички проблеми непосредно пред да замената.
Ситуацијата е особено загрижувачка за Манчестер Сити, бидејќи следната недела имаат гостување кај Ливерпул на „Енфилд“. Халанд е еден од клучните играчи на тимот и неговото евентуално отсуство би бил голем удар пред еден од најважните натпревари во сезоната.
Халанд беше многу активен против Португалија и можеше да постигне гол непосредно пред да побара да биде заменет. Како можна причина за проблемот се споменува физичкото и мускулното напрегање по голем број минути за време на интензивната репрезентативна пауза.
Норвежанецот е уште еден во низата играчи кои почувствуваа проблеми за време на оваа репрезентативна пауза, а клубовите ја следат состојбата на своите фудбалери со посебно внимание пред да се вратат на домашните и европските обврски.
Foto/ Depositphotos






