„Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер“

„Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер“

пред 4 часа

Поминаа речиси три години откако Еден Азар, по турбулентен период во Реал Мадрид обележан со повреди, одлучи да ја заврши кариерата.

Белгиецот вели дека денес се чувствува повеќе како таксист отколку како фудбалер.

„Мојот живот е доста едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Останавме да живееме во Мадрид. Ја донесов одлуката поради семејството, децата, времето и храната. Животот минува многу брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес имам 35. Мора да уживате во животот, не само во фудбалот, туку во сè“, рече Азар во интервју за „Гардијан“.

Во таа пригода, тој раскажа една незаборавна анегдота од времето кога Жозе Мурињо беше менаџер на Челзи.

„Отидов во Лил да гледам натпревар и го изгубив пасошот на враќање. Доцнев и го пропуштив тренингот. На следниот натпревар ме исфрли од тимот и рече дека е моја вина“, се присети Белгиецот.

Тој зборуваше и за најпосебните моменти во неговата кариера.

„Светското првенство во 2018 година беше неверојатно. Имав можност да играм со мојот брат. Да бидеш капитен на својата земја е нешто посебно. Сметам дека Белгија беше неверојатна во тие години. Иако не победивме, денес велат дека бевме подобар тим од Франција и тоа ме прави горд“, рече Азар.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top