Сидни Меклафлин-Леврон го пропушта Светското првенство во атлетика

Сидни Меклафлин-Леврон го пропушта Светското првенство во атлетика

пред 1 година

Олимписката и светска шампионка на 400 метри со пречки Сидни Меклафлин-Леврон ќе го пропушти Светското првенство во атлетика, кое започнува на 19 август во Будимпешта и ќе трае до 27 август. Американката, кој е и светска рекордерка во својата дисциплина, има повреда на коленото и претпочита да не ризикува со учество на СП во Унгарија.

24-годишната Меклафлин-Леврон требаше да ја брани титула на 400 метри со пречки.

Американката истакна дека треба „да се погрижи за мал проблем во коленото за да биде целосно здрава за Олимписките игри во Париз следната година“.

Таа е водечка на светската ранг-листа оваа сезона на 400 метри со време од 48,74 секунди од првенството на САД во јули.

Share
Scroll to Top