Силверстоун ја именуваше стартно-целната рамнина по Хамилтон

Силверстоун ја именуваше стартно-целната рамнина по Хамилтон

пред 4 години

Силверстоун, домот на Британското ГП, го именуваше рамниот дел на стартно-целната рамнина по седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Британскиот тркачки клуб (БРДЦ), кои се сопственици на Силверстоун, објавија дека делот ќе биде познат како Хамилтој стрејт, како единствен дел од патеката кој е именуван по еден Формула 1 возач, препознавајќи го фантастичниот успех на најуспешниот возач во историјата.

Хамилтон има рекордни седум победи на Британското ГП, од кои шест се на сегашниот изглед на реновираната патека, кој го вклучува рамниот дел кој ќе го носи неговото име. Хамилтон ја освои пол-позицијата во првата трка во Силверстоун во 2007, пред следната година да стигне до првата победа. Потоа тој четири пати победуваше од 2014 до 2017, како и во последните две трки.

Share
Scroll to Top