Сити замената за Алварез ја најде во Данска

Сити замената за Алварез ја најде во Данска

пред 4 недели

Манчестер сити е активен на пазарот во финишот н преодниот рок. Спортскиот сектор бара напаѓач кој ќе го заземе местото на Хулијан Алварез.

Алварез се пресели во Атлетико Мадрид за 81 милион фунти, па главна сила во нападот на Манчестер сити остана Халанд, кој има одлична статистика, постигна 94 гола на 101 натпревар.

Медиумите се изненадени од изборот на Пеп Гаврдиола, кој според нив го означил фудбалерот кој треба да го замени Алварез.

Станува збор за младиот напаѓач на Копенхаген, Исланѓанецот Ори Оскарсон кој оваа недела ќе го прослави својот 20-ти роденден.

Она што е исто така многу важно, шампионот на Англија не би морал да плати премногу, само 20 милиони евра.

Оскарсон за Копенхаген има одиграно 61 натпревар, постигнал 23 гола.

Share
Scroll to Top